Memento pritaljstva


ООУ "Кочо Рацин" - Охрид

Наставник:

Јованка Анѓелкоска

Memento prijateljstva е проект кој ги развива компетенциите на Граѓанското образование преку низа активности со учениците.

Кај учениците ќе развиеме: почитување на заеднички договорените правила, социјални вештини, прифатливо однесување, независност, самодоверба, меѓусебно почитување.

Цел на проектот:

Со активно учество во планираните активности, учениците ќе ги зајакнат своите компетенции во комуникацијата на мајчиниот јазик, ќе го запознаат и шират знаењето за социјалните и граѓанските права и должности и ќе ја развиваат сопствената културна димензија преку свеста.

Со избирање на соодветни содржини во рамките на наставните предмети, наставниците ќе ги поттикнат учениците да ги усвојат поимите: правда, авторитет, заедница, проблем/решавање проблеми, правила на однесување, начини на правична распределба, прекршување - прекршување на правила и одлучување.

Ќе се развиваат активни компетенции на граѓанското образование (интердисциплинарно и независно).

Интеграција на проектот со наставната програма

  • Креирање заеднички правила, нивно разбирање и прифаќање, постигнување на зададени цели;

  • Продлабочување на разбирањето и прифаќањето на договорените правила;

  • Почитување на другите, тимска работа, групно одлучување и решавање на проблеми;

  • Стекнување знаење за себе преку препознавање и разбирање на емоциите и развивање позитивна слика за себе

  • Разбирање на сопствените потреби и потребите на другите;

  • Осознавање и прифаќање различностите, преку почитување на разликите меѓу учениците и истакнување на потребата од меѓусебна толеранција;

  • Изнаоѓање решенија за ситуации кога се повредени неговите/нејзините права и правата на другите ученици;

  • Правилно користење на компјутер, безбеден начин за комуникација преку интернет и размена на информаци.


Соработка

Соработката со партнерите во проектот се вршеше преку Facebook страната на проектот и web страната на проектот. До нив можете да пристапите преку следните линкови.

www.facebook.com/groups/797498876952450

mementoprijateljstva.weebly.com/?fbclid=IwAR2U3k5E12HeEXkp9SMw2oRSJw9YAAN0vMLKffRKQX0d4mI7Ztk4xL8Eh2g

Тимот на ученци од VII-3 одделение во текот на проектот ќе стекат знаење од делот на граѓанско образование, каде преку примена на различни активности ќе развиваат социјални вештини, меѓусебно почитување, запознавање на своите емоции, негување на пријателството, одговорност кон себе и кон другите, почитување и прифаѓање на различните од себе, да применуваат одговорно однесување на социјалните мрежи.

Во текот на годината треба да се реализираат 8 работилници/активности. Активностите се реализираат како дел од одделенскиот час (образование за животни вештини). На истиот, учениците беа запознаени со проектот и дел од активностите кои ќе претстојат. На родителската средба проектот беше претставен пред родители, беа истакнати целите и очекуваните резултати од реализација на активностите.

Учесници во проектот:

Анастасија Речкоска

Андреј Ацески

Наум Ристески

Ана Настоска

Андреј Нестороски

Теодор Спасески

Никола Јосифоски

Михаил Стефаноски

Мартин Илиоски

Ричард Димитриоски

Целе Николоски

Потпишување договор за мементо пријателство

Активност - Избор на претседател

Пред изборот на претседател на класот, беше важно учениците да размислат за карактеристики и должностите на претседателот. за таа цел поставивме хамер на кој ученците ги испишуваа карактериситките и должностите на претседателот. Потоа секој ученик предложи тројца ученика, имињата беа запишувани на таблата. Од вкупно 11 ученика, 3 ученика со најмногу гласови беа кандидирани за избор. Потоа, следеше изборна кампања., во која секој кандидат се претстави и ја презентираше својата програма. Избравме изборна комисија која ги броеше гласовите. Имавме избирачко место, ливче и кутија. На крај беше избран претседателот на класот и неговиот заменик.


Активност - правила во одделението

Се поттикнуваат учениците да размислуваат за тоа како се однесуваат во училиштето и како треба да се однесуваат во училницата. Секое дете искажува одредени правила и наставникот ги забележува. Потоа се гласа за правилата, искажаните правилаучениците ги запишуваат на лист, кој подоцна се лепи на веќе подготвената подлога. Сите заедно ги истакнуваат правилата во училницата.

Активност - Јас пораки

Учениците пишуваат порака „ти“ на парчиња хартија - Ти секогаш... Ти си...

Наставникот на таблата ги испишува истите пораки. Учениците ги лепат нивните ливчиња со пораки. Разговараме за тоа што го напишале. Потоа размислуваат како се чувствуваат кога ќе слушнат таква порака, тоа го го претставуваат со помош на емоциите претставени на хартија и ги лепат на таблата.

Ги отсекуваме контурите на стапалата кои ќе не потсетат дека треба да земеме поинаква перспектива.

Вежбавме да испраќаме пораки „Јас“ со помош на карти за играње улоги.

На крај на работилницата учениците пополнуваат евалуациски лист.

Активност - Ретко е да си редок


Ве месецот на ретките болести, учениците се вклучија во поддршка на лицата со ретки болести

Зборувавме што значи поимот редок, се споменаа дел од ретките болести. Преку обоени дланки, и пораки изразија поддршка за лицата со ретки болести и нивната спремност да се подаде рака на истите. Изработија хамер со отпечаток од нивните дланки во разни бои и порака „Ретко е да си редок“.

Хамерот беше поставен на ѕидот со останите изработки на другите ученици, посветено на ретките.


Активност - Најдобар пријател во училница

Наставникот ја чита приказната за Лана и Ники. Учениците ја споделуваат својата визија за пријателството меѓу девојчињата.

Учениците имаат задача да го опишат својот најдобар пријател во класот, не го споменуваат името, туку го опшиуваат изгледот, потоа кој сака да излезе и да прочитаат, другите погодуваат кој е. Откако ќе го погоди името на ученикот, ученикот што го опишал треба да го објасни неговиот/нејзиниот избор. Се запишуваат на таблата поимите поврзани со другар кои ги истакнуваат учениците додека објаснуваат зошто го одбрале токму тој другар, со што правиме еден облак од зборови кои го опишуваат другарот. Разговараме за важноста и значењето на другарите во нашиот живот. За крај се цртаат себеси и соученикот во омилената игра.

На крај на работилницата учениците пополнуваат евалуациски лист.


Активност - Зошто понекогаш го лажам пријателот


Започнуваме со пополнување Т табела - како се чувствувам кога кажувам лага или изневерувам пријател, а како се чувствувам кога сум измамен или кажана лага за мене. Запишуваме на таблата. Разговараме за напишаното.

Преку правење паметна мапа ги набројуваат причините што ги наведуваат да измислуваат лаги.

Разговараме и за причините за кажување лаги за пријателите.

На крајот од работилницата, учениците кои сакаат да го направат тоа можат да се обратат кај соученикот за кого смислиле лага да му се извинат и да објаснат зошто го направиле тоа.

На крај на работлницата учениците пополнуваат евалиациски лист.

Активност - E-safety или безбедност на интернет

На часот најпрво погледнавме презентација преку која се запознавме со безбедно користење на интернет и етичкото однесување на интернет, а потоа преку игра во WordWall ги проверивме стекнатите знаења на оваа тема. Ученици кои се пријавија доброволно направија хамер со совети и правила за безбедност на интернет, кој беше истакнат во училницата и претставен пред другите ученици.



Активност - eTwinning day


Учениците замислуваат заедничко пространо и модерно училиште со спортска сала; детски паркови и многу зеленило; велосипедска патека; модерни кабинети, библиотека и кантина; училиште кое ќе користи обновлива енергија преку сончеви панели и сето тоа го претставија со изработка на макета, цртање цртежи.

Учениците преку својата креативност сонуваа за подобра иднина преку подобро училиште.


Дисеминација

Учениците извршија дисеминаицја на прокетот пред наставниците и другите ученици, со што ги претставија активностите кои ги имаа изработено. Креациите од активностите беа поставени на ѕидот во училницата.

Проектот исто така е дисеминиран на Facebook страната на училиштето, но дел од активностите реализирани за време на проектот се дисеминирани и на Facebook страната на еТwinning Makedonija со што е запознаена и пошироката јавност со активностите кои се преземени.

Дипломи

На учесниците во проектот им беа доделена Дипломи за успешно реализирани активности во рамките на проектот Memento prijatelstva.